Овие три земји ги испраќаат децата во природа за да им помогнат да пораснат

- Advertisement -

Овие три земји ги испраќаат децата во природа за да им помогнат да пораснат. На тој начин ги учат да решаваат проблеми и да преземаат одговорност за своите постапки.

Во Холандија децата буквално ги оставаат децата во шума. Мали групи од деца на десетина години ги „напуштаат“ во шума и децата мора да одат сами во темница и да се снајдат да излезат од шумата. За да го направат тоа тие користат само компас или основни GPS уреди и својата интуиција.

- Advertisement -

Наградата на војводата од Единбург во Велика Британија има за цел да го изгради карактерот кај децата и тимските вештини така што на децата им задаваат тешки предизвици. Еден од тие предизвици е пешачење со километри на експедиција со кампување. Со себе тие носат се што им треба за да преживеат.

Илјадници американски деца, пак, одат на летни кампови каде што учат да се поврзат со природата. Таму учат да возат кајак, да планинарат и да истражуваат. Тоа им помага да ги развијат вештините потребни за живот и да ги развијат социјалните вештини.

These 3 countries send urban kids back to nature to help them grow up

Going back to their roots.🔎 Learn more about the benefits of nature: https://wef.ch/2ISfX83

Posted by World Economic Forum on Петок, 11 октомври 2019
Сподели!
- Advertisement -