Џиновски роботи со вештачка интелигенција ќе печатат ракети кои ќе ги носат луѓето во вселената

- Advertisement -

Нова компанија основана од двајца поранешни студенти на Универзитетот на Јужна Калифорнија сака да го смени начинот на кој се прават ракети со помош на 3Д печатачи. Првиот проект на компанијата се вика Terran-1 и е ракета висока 30 метри, а ќе носи сателити со тежина од околу 1,3 тони во орбитата околу Земјата.  

Нивниот план е радикално да се поедностави производството така што ќе се користат 100 пати помалку делови за да се направи ракета која е лесно да се произведе, а со неа може да управува вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Компанијата Relativity Space има седиште во Лос Анџелес, каде што работи на градење ракета која ќе биде лансирања во 2021 година. Според основачите на Relativity, 3Д печатењето е клучено за нивниот успех.

Тие направија сопствен 3Д принтер наречен Stargate, за кој тврдат дека е најголем во светот. Принтерот е висок 4,5 метри и користи три големи раце за да ги склопи деловите од ракетата со стопен алуминиум. Компанијата обучува вештсачка интелигенција да го надгледува целиот процес и се надеваат дека на тој начин ќе можат да печатат ракети за на Марс и други локации во вселената.

- Advertisement -

Тие велат дека за да се печати на Марс потребен е систем кој се адаптира на многу нестабилни услови. „Правиме алгоритам кој ќе може да се пренесе на други планети и да печати таму“ велат од компанијата. Досега повеќето 3Д апликации се фокусираат на делови од ракети, а не на правење цела ракета од 3Д печатен материјал.

Сподели!
- Advertisement -