Земјата се менува побрзо отколку што можеме да забележиме ние луѓето. Секојдневно сме сведоци на големи шумски пожари, се топат глечерите, а доказите за постоењето на најстарите светски култури исчезнуваат пред нашите очи. Промените се неизбежни, но се случуваат побрзо од очекуваното и имаат потешки последици поради климатските промени кои ги предизвикавме ние луѓето со своите постапки.
Тој факт многѕ ги загрижува научниците, кои сметаат дека тоа што Земјата се побрзо се менува остава помалку време за проучување на нејзината историја и за разбирање на нејзините мистерии. Неодамна двајца научници предложија начин како засекогаш да се зачува моменталната ситуација на Земјата – со ласери да се направи мапа со многу висока резолуција. Токму тој предлог сега стана мисија на непрофитниот проект наречен „Земјина архива“ (The Earth Archive).
Научниците сметаат дека одговорот на документирањето на моменталната состојба на Земјата лежи во Lidar (light detection and ranging), односно методата за скенирање на површината на планетата со светлосно бомбардирање од авион. Така научниците ќе можат со собраните податоци да направат 3Д мапа од сите делови на Земјата.
Целта на проектот The Earth Archive е да се скенира целата копнена површина на Земјата, која сочинува околу 29% од површинаѕа на нашата планета, а би почнале така што најпрвн ви ги скенирале најзагрозените предели, како амазонските прашуми или крајбрежните предели на кои им се заканува исчезнување поради подигањето на нивото на морето.
Сето тоа ќе чини и многу пари. Се проценува дека скенирањето само на амазонските прашуми ќе чини околу 10 милиони долари во текот на идните три години. Сепак, некои научници гледаат мноштво проблеми како, на пример, кој ќе им дозволи летови на авионите за скенирање во бразислкиот воздушен простор затоа што бразилската влада сигурно нема да сака, велат научниците.