Најстариот бисер во светот пронајден во Абу Даби

- Advertisement -

Најстариот бисер во светот ќе биде претставен на изложба во Абу Даби, а експертите велат дека фактот дека бисерот е стар 8.000 години е доказ дека трговијата со накит постоела уште во неолитската доба.

Бисерот е пронајден на подот на соба во текот на археолошки ископувања на островот Марава во близина на престолнината на Обединетите Арапски Емирати. Тие ископувања ја покажале најстарата архитектура досега откриена во таа земја.

- Advertisement -

„Местото каде што е пронајден бисерот содржат јаглен кој датира од периодот меѓу 5800 и 5600 година пред нашата ера, односно во текот на неолитскиот период” соопшти Министерството за култура и туризам на Обединетите Арапски Емирати.

Сподели!
- Advertisement -