Ниска транспарентност во трошење на јавите пари во скопските општини

- Advertisement -

Локалните самоуправи во скопскиот регион имаат ниско ниво на транспарентност  и отчетност при трошењето на јавните средства. Истражувањата покажуваат дека во 2017 година се склучиле 33 договори за јавни набавки без објавување оглас,во вкупна вредност од 1,36 милиони евра, од кои 40% односно 548 илјади евра припаѓаат на Град Скопје. Ова го покажува мониторингот од  Проектот „Зајакнување на транспарентноста и отчетноста на општините при трошењето на јавните средства”, на Здружението на економски новинари, а во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки” кој го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Фондацијата Фокус со финансиска поддршка од Европската Унија.

Мониторингот на јавните набавки на локалните самоуправи во скопскиот регион, покажува дека треба да се работи на унапредување на јавните набавки и воедно да зајакне свеста во локалната средина за потребата од граѓански надзор над трошењето на јавните финансии.

- Advertisement -

Анализата и истражувањето се одвиваше од септември до крајот на декември 2018 година и истото се однесува за целата фискална 2017 година, односно за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година. Во истражувањето се опфатени следните осумнаесет локални самоуправи: Градот Скопје и општините: Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер Сандево, Шуто Оризари.

Од Извештајот „Мониторинг на јавните набавки во 2017 година во локалните самоуправи од Скопскиот плански регион“

Од Извештајот „Мониторинг на јавните набавки во 2017 година во локалните самоуправи од Скопскиот плански регион“ се гледа дека локалните самоуправи односно големиот дел од нив не успеваат да достигнат високо ниво на реализација на планот за јавните набавки. Само четири локални самоуправи имале висок степен на реализација,од што се  заклучува дека е потребна подетална анализа на потребите односно на капацитетот за реализација на планираното од страна на локалните самоуправи.

- Advertisement -

Склучени се 809 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 2,15 милијарди денари односно 35 милиони евра. Локалните самоуправи односно големиот дел од нив не успеваат да достигнат високо ниво на реализација на планот за јавни набавки. Загрижувачки е фактот што поголемиот број на општини во скопскиот плански регион немаат воспоставен систем за следење на реализацијата на склучени договори.

Истражувањето покажува дека локалните самоуправи при спроведување на малите набавки ја употребуваат постапката со барање за прибирање на понуди – во просек 68% од вкупниот број на постапки спроведени од страна на локалните самоуправи. Овој податок, кажува дека повеќе од половина од постапките се до 20.000 евра,што говори за нискиот финансиски капацитет на општините во Скопскиот плански регион.

- Advertisement -
Од Извештајот „Мониторинг на јавните набавки во 2017 година во локалните самоуправи од Скопскиот плански регион“

Локалните самоуправи при спроведување на малите набавки ја употребуваат постапката со барање за прибирање на понуди – во просек 68% од вкупниот број на постапки спроведени од страна на локалните самоуправи. Овој податок, кој ни кажува дека повеќе од половина од постапките се до 20.000 евра, говори за нискиот финансиски капацитет на општините.

 Кај 10 општини беше утврдено високо ниво на присуство на дискриминаторски елементи во тендерските документации – кои можат да ја ограничат конкуренцијата.  Ограничувачките односно дискриминаторски елементи се клучен елемент кој може да влијае на намалување на бројот на добиени понуди по објавен оглас.

 Кај 2 општини забележано е високо ниво на учество на една фирма во вкупните набавки. Во Скопскиот плански регион, кој опфаќа вкупно 18 општини, за 2017 година година поништени се вкупно 179 постапки делумно или целосно, што значи дека е поништена секоја 4 постапка објавена во 2017 година. 

Спроведените активности од Проектот на Здружението на економски новинари, беа  презентирани  на  промотивен настан во март годинава, пред  претставници на локалната самоуправа од Скопскиот плански регион, државните институции надлежни за системот на јавните набавки, граѓански организации, медиумите.

На настанот, за резултатите од истражувањето, се осврнаа  Марија Георгиевска, претседател на Здружение на економски новинари, која ја истакна важноста на истражувањето за зајакнување на улогата на граѓанското општество во мониторинг на спроведувањето на јавните набавки на локално ниво.

Потоа, Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации, кој го претстави Проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки”, истакнувајќи ја важноста на ваков вид проекти, преку кои се влијае на транспарентноста на државните институции и локалната самоуправа.

Во рамките на  презентирањето на  главните наоди од Истражувањето и мониторингот на јавните набавки на локалните самоуправи во Скопскиот регион, Бети Деловска, претставник од Здружението на економски новинари,  ги посочи и препораките за надминување на предизвиците кои се исправени на патот кон целосна транспарентност, отчетност и интегритет при трошењето на јавните пари, кои беа востановени во текот на ова истражување.

Загрижувачки е фактот што поголем број на локални самоуправи во Скопскиот плански регион немаат воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори. Следењето на реализацијата на договорите е клучен елемент од јавните набавки, се вели во Извештајот „Мониторинг на јавните набавки во 2017 година во локалните самоуправи од Скопскиот плански регион“ на Здружението на економски новинари . Со реализацијата се затвора процесот на јавна набавка како последен чекор од успешно спроведена јавна набавка.

 Здружението на економски новинари, на крајот на октомври годинава, го најавува промовирањето на новите параметри кои произлегуваат од спроведениот мониторинг на Скопските локални самоуправи за 2018 година.

Подготвила

Верица Јорданова

Сподели!
- Advertisement -