Канадска компанија создаде материјал кој се може да направи невидливо

- Advertisement -

Не мора повеќе да чекаме да видиме како луѓето и работите ќе можат за исчезнат пред нашите очи. Канадската компаија Hyperstealth Biotechnology Corp успеа да направи материјал кој се може да направи невидливо и за тоа не и е потребен дополнителен извор на енергија. Технологијата ја нарекоа quantum stealth.

станува збор за материјал кој функционира на принципот лентикуларни леќи, односно технологијата со која повеќето луѓе се имаат сретнато ако виделе слики кои се чини дека се тридимензионални или дека работите околу нив се преместуваат, во зависност од аголот на гледње.

- Advertisement -

Материјалот кој го произведе оваа канадска компанија на сличен начин ја испрекршува светлината така што зад него се видливи предмети кои се блиску или далеку од него. Но, на одредена оддалеченост предметот или личноста кои се наоѓаат зад тој материјал стануваат невидливи.

Овој материјал има повеќе можности и ја испрекршува светлината од средниот и блискиот ултравиолетов спектар до ултрацрвениот спектар. Боите на предметите не влијаат на ефикасноста на материјалот, но моѓе да ја искриват видливата позадина. Тоа значи дека технологијата не обезбедува целосна невидливост, но не е ни далеку од тоа, што може да се види од видеото во прилог.

- Advertisement -

Технологијата ја создаде Гуј Краамер уште во 2010 година и оттогаш работи со воени организации на нејзниниот развој. Неодамна пријави и четири патенти врзани за таа технологија.

Сподели!
- Advertisement -