Органско производство во Македонија, голема и неискористена можност

- Advertisement -

Македонија е мал производител на храна со расцепкани земјоделски стопанства, за да може да биде значаен фактор на глобалниот пазар.

Oгромни пространства со недопрена природа се голем потенцијал за органско производство кое е многу барано и добро платено во странство, а кај нас постепено се пробива како нутритивна можност за здрава исхрана.

- Advertisement -

На овој план заостануваме зад другите држави, најмногу поарди неинформираност и недоволни претпоставки од институциите. Ова беше речено на денешното предавање “Како да се сертифицираат производите за да бидат органски“, што го организираше едукативното здружение “Зелена берза“.

-Доцниме затоа што информациите слабо циркулираат. Од друга страна, нашиот земјоделец е долго време измачуван од разни проблеми, од откупни цени и ред други проблеми, така што, реално нема можност за правилно да размислува и да дојде до сигурни иформации за да научи што е тоа органско производство- рече Горан Колев, претставник на сертификациското тело “Процерт контрола“.- има одредени потешкоти, меѓутоа мислам дека луѓето не се доволно информирани и ако се повеќе информирани и ако добијат поголема информација, за нив ќе биде полесно- рече Валнетина Соколовска, претседател на Здружението за едукација на земјоделците “Зеленa берза“.

- Advertisement -

Производителите на органско производство, барем оние што се пионери во оваа област, велат дека тоа може да биде исплатливо, но бара многу труд и високи стандарди.

-Како што гледавме дека се бара мед, почнавме да го прошируваме пчеларникот и сега имаме 350 семејства. Работиме органски на повеќе локации околу Пелистер- рече Благој Јовчевски, пчелар од с. Дихово.

- Advertisement -

Дали и колку Македонија ќе може да биде фактор во органското производство, ќе зависи од многу претпоставки- покрај едукацијата, потребни се јасни и доследни критериуми за сертифицирање, сериозни контроли на квалитет и окрупнување.

Сподели!
- Advertisement -