Во Лас Вегас можете да платите казна за паркирање со донирање храна

- Advertisement -

Во Лас Вегас можете да си ја платите казната за погрешно паркирање со донирање храна. Во текот на наредниот месец луѓето ќе можат да донираат храна во иста вредност како напишаната казна.

Добротворна организација потоа ќе ја донира таа храна на сиромашни семејства и на постари граѓани со инвалидитет, кои се во најголем ризик од сиромаштија и глад.

- Advertisement -

Околу 8,5% од најстарата популација на Невада се под работ на сиромаштијата. Немањето редовни оброци е сериозен проблем меѓу постарите жители, па така илјадници луѓе зависат од донации.

Повеќе од 9,6 милиони луѓе во светот се хранат во банки за храна. Во Велика Британија, на пример, минатата година има 19% пораст на потребата од банките за храна, додека во Франција супермаркетите не смеат да фрлаат храна која може да се јаде и мора да ја донираат на добротворни организации. Така помагаат се повеќе луѓе да имаат редовни оброци.

In Las Vegas, you can pay your parking fine by donating food

Paying fines by giving back. 📕 Read more: https://wef.ch/2qCKdy3

Posted by World Economic Forum on Петок, 25 октомври 2019
Сподели!
- Advertisement -