Музејот Лувр воведува виртуелна реалност за подобро доживување на Мона Лиза

- Advertisement -

HTC VIVE Arts склучи партнерство со Лувр за претставување на првото искуство во виртуелна реалност во музејот, „Мона Лиза: од другата страна на стаклото“, кое започна на 24 октомври. Со овој нов пристап посетителите и гледачите можат да навлезат во најпознатото ремек-дело на Леонардо да Винчи на целосно нов начин во склоп на историската ретроспектива на услугата за дигитална претплата VIVEPORT од кое било место на светот.

„Мона Лиза: од другата страна на стаклото на посетителите на музејот им овозможува нов поглед на познатата слика и прилика да доживеат моќна средба со уметничкото дело во виртуелен простор. Благодарение на иновативното и интерактивно искуство музејот на публиката од целиот свет ќе и понуди нешто досега невидено.

- Advertisement -

На почетокот на седумминутното искуство во виртуелна реалност посетителите ќе се најдат во салата Salle des États во Лувр, каде што е сместена „Мона Лиза“ зад повеќе набљудувачи кои стојат пред сликата. Како што се разидува толпата, се приближуваат до сликата, а заштитното стакло и рамката исчезнуваат. Кога ќе се најдат сами пред ремек-делото, гледаат живи детали на ова славно дело на платно, вклучувајќи тесктура на дрвена плоча која се наѕира под слојот боја и задната страна на плочата, на која може да се види пукнатина во дрвото и како е реставрирана.

Искуството во виртуелна реалност нуди спој од подвижни слики, звуци и интерактивен дизајн за посетителите да навлезат во светот на Да Винчи и да научат се што може да научи за моделот. Патувајќи низ времето, тие ќе стекнат увид во тоа како е создадено уметничкото дело и како се менувало последните 500 години.

Сподели!
- Advertisement -