Најголемите извозници на видеоигри во светот убедливо се Кина, Хонгконг и Јапонија. На листата со топ десет најголеми извозници, која ја состави најголемата полска банка PKO Bank Polski, се наоѓаат и Полска, Германија, САД, Шпанија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Словачка.
Извозот на Полска на полето видеоигри и уреди за видеоигри во периодот од 2013 до 2018 година пораснал за дури 3.810% , со што оваа земја се најде на високото четврто место на листата, веднаш зад најголемите азиски економии.
Вредноста на извозот на видеоигри од Полска во 2018 година достигна 1,24 милијарди долари, односно 6,5% од глобалниот извоз. Минатата година извозот од Кина, пак, во секторот видеоигри и уреди за видеоигри изнесува дури 49,1% на глобално ниво, од што земјата остварила приходи во износ од 9,3 милијарди евра.