Македонскиот старт-ап НЕТи разви ефикасна заштита на компаниите и децата од заканите на интернет

- Advertisement -

НЕТи е македонска старт-ап компанија која развива дигитални решенија за интернет безбедност и заштита на податоци. Целта на овие решенија е да се заштитат клиентите од сè поголемиот број дигитални закани со кои се соочуваат компаниите и граѓаните, а особено децата.
Фондот за ризичен капитал South Central Ventures неодамна инвестираше во оваа компанија, која средствата ќе ги искористи на развој на бизнисот во регионот и проширување на тимот.

Предноста и иновативноста на решенијата на НЕТи, според Бујар Абдулаи, главен извршен директор и ко-основач на стартапот е во напредните решенија кои функционираат во било која постоечка инфраструктура и одговараат на потребите на било која компанија.

Тимот, составен од искусни професионалци од различни сектори кои долги години работат заедно, вели Абдулаи, обврнува особено внимание на корисничкото искуство кое е суштинско во дизајнирање на сите продукти, а целта е да им се овозможи на клиентите едноставност при имплементацијата и користењето на решенијата.

- Advertisement -

Г-дин Абдулаи, НЕТи се занимава со изработка на дигитални решенија за безбедност на Интернет и податоци. Кажете ни за какви решенија се работи, за кого се наменети и како се користат?

НЕТи ги решава дигиталните закани кои постојано се зголемуваат со едноставно централно решение односно со т.н. plug & play производи кои многу лесно се имплементираат и функционираат со подесувања со еден клик. Нудиме дигитални решенија за безбедност на Интернет и податоци за бизнис и приватни корисници. На пазарот постојат комплицирани и скапи решенија кои доаѓаат со високи трошоци за одржување и не ги задоволуваат до крај потребите на компаниите. НЕТи нуди напредни решенија кои функционираат во било која постоечка инфраструктура и одговараат на потребите на било која компанија.

- Advertisement -

Сајбер-НЕТи (Cyber NETi ) овозможува филтрирање на штетни интернет соодржини и нуди можност за управување на интернет соодржините. Преку административниот панел администраторот на било која организација може да одреди кои интернет соодржини се дозволени, а кои забранети, со цел да се заштити и зголеми продуктивноста во одредена организација. Сајбер НЕТи дополнително штити и од злонамерни интернет соодржини кои се инфлитрираат во инфраструктурата со цел кражба и уништување на личните и бизнис податоци.

Сејф НЕТи (Safe NETi) омовозможува автоматизирана и по потреба индивидуализирана заштита односно целосна енкрипција на целата имејл комуникација со дополнителен, посебен слој на заштита за доверливите податоци. Со Сејф НЕТи целата имејл комуникација е заштитена со најнапредна енкрипција која не може да се пробие. Освен енкрипција, решението нуди и заштита од т.н фишинг имејлови, кои се една од најкористените алатки за финансиски измами и кражба на податоци.

- Advertisement -

НЕТи Кидс (NETi Kids) е мобилна апликација наменета за паметните телефони која овозможува да се приспособи телефонот согласно потребите на децата. НЕТи Кидс на родителите им овозможува целосна контрола на интернет сообраќајот и заштита од штетни интернет соодржини, времето колку и кога може нивните деца да користат интернет, кои апликации смеаат да ги користат и истовремено известува за локација на уредите во било кое време.

Постојано слушаме за заканите кои доаѓаат од Интернет, но многу малку знаеме кои и какви се тие. Кажете ни кои се најголемите закани на Интернет со кои се соочуваат компаниите и бизнисите во денешно време?

Интернетот е незаменлив дел во скоро секое поле на деловна активност и функцирање на институциите. Исто така нуди и безброј придобивки кои придонесуваат за успешно функционирање и стабилен раст на секоја компанија. Сепак, интернетот има свои недостатоци како што е компјутерскиот криминал, каде компјутерите се користат за разни видови кражби и малверзации.

Следните статистики најдобро го отсликува ризикот и негативната страна на секојдневното користење на интернет:

  • Во просек, секој сајбер-напад го чини еден мал бизнис 53,987 долари и причинува милионска штета на средните и големите компании.
  • Штетата на една компанија од еден напад на малициозен софтвер просечно чини 2.4 милиони долари.
  • 43% од сите сајбер-напади се насочени кон малите бизниси
  • 64% од вкупните светски компании имаат искусено веб-базиран напад
  • Според Симантек извештајот за интернет ризиците (ISTR) за 2018 година, невејоратни 54.6% од сите испратени имејлови се спам
  • Околу 2.6 милијарди т.н. фишинг имејлови се праќаат месечно. Во просек еден т.н. фишинг напад ги чини средните компании 1.6 милиони долари
  • 92.4% од малициозниоте софтвери се пратени преку имејл пораки

Вкупната глобална штета од сајбер-криминалот достигна над еден трилион долари во 2018 година и се очекува да расте наредните години.

Што значи сето тоа?

“Сајбер-криминалот е најголемата закана за секоја компанија и организација во светот.”

Затоа сме сигурни дека секоја компанија има потреба од НЕТи за зголемување на продуктивноста, сочување на идентитетот и од кражба на податоци, заштита од оштетување на уредите и инфраструктурата и други безбедносни ризици.

Што е иновативното во вашите решенија, тоа што ве одвојува од конкуренцијата и ги привлекува клиентите?

Како што веќе споменавме, постоечките решенија кои се достапни на пазарот се многу скапи и комплицирани за имплементација и користење, но не само тоа, тие доаѓаат и со високи трошоци за одржување и не ги задоволуваат до крај потребите на компаниите.

НЕТи продуктите се дизајнирани според потребите на корисниците, да имаат технички напредна заштита, да можат само за неколку минути да го имплеметираат решението и истото да го менаџираат со само неколку клика. НЕТи нуди иновативна и единствена во светот енкрипција на целата имејл комуникација, каде што сите податоци и информации се чуваат локално, односно остануваат во самата организација и не излегуваат надвор.

Секоја компанија има различни потреби за сајбер-заштита, а за да можеме да одговориме на потребите на секоја организација во НЕТи работиме на воведување на АИ (вештачка интелигенција) технологија која ќе овозможи на сите наши решенија да се адаптираат врз база на индивидуалните потреби и потенцијални ризици на секоја организација. Го надградуваме постоечкиот алгоритам да скенира и учи врз база на посточката историја на интернет сообраќај, модели (патерни) на интернет користење, модели на имејл комуникација, регистрирана база на податоци и други параметри со цел навремено да се спречат новите закани. Исто така, ги ажурираме постоечките алгоритми и дата бази за подобра заштита од постојано зголемените т.н. фишинг напади.

Имате понуда и за приватни корисници, особено за родители. Како можеме да ги заштитиме децата и да им овозможиме безбедно користење на Интернет?

Зависноста од мобилните и другите електронски уреди постојано се зголемува и веќе во светот се третира како зависност, односно ментално нарушување. Internet Addiction Disorder (IAD) предизвикува невролошки нарушувања и социјални проблеми. Имајќи предвид дека околу 87 отсто од младите на интернет гледаат порнографија, голем дел од нив го користат интернетот за развивање друга зависност како што е обложувањето или се под влијание на многу други штетни интернет соодржини, ние го развивме НЕТи кидс кој ги филтрира овие содржини и им овозможува на родителите контрола на користењето на мобилни уреди кои им ги даваат на децата.

НЕТи-Кидс овозможува целосен мониторинг на користениот интернет сообраќај и нуди можност да се одреди колку и во кое време смее детето да користи интернет. За помалите деца, родителите преку НЕТи телефонот можат да го претворат и во локатор.

Добивте инвестиција од South Central Ventures, што ќе значи таа за НЕТи и за продуктите кои ги развивате?

Во НЕТи сме воодушевени од партнерството со SCV и во тоа гледаме долгорочна соработка која ќе помогне да се поттикне меѓународната деловна експанзија на НЕТи и ќе овозможи одржлив раст. Инвестицијата ќе ни овозможи да развиваме нови функционалности и продукти кои ќе ги надополнуваат постоечките, со цел да станеме поконкуретни на пазарот и да одговориме на новите предизвици и потреби на клиентите. Исто така и да го забрзаме процесот на проширувањето кон нови пазари.

Кои се пазарите кон кои целите, какви се вашите планови за иднина?

Веќе преговараме со потенцијални партнери и компании во регионот, со цел во блиска иднина да сме присутни не само во регионот, туку и со иста динамика да продолжиме да се шириме кон Турција и Западна Европа.

Сподели!
- Advertisement -