Годинава Непал отстрани 10 тони отпад од Монт Еверест. Природата на планината била недопрена кога Едмунд Хилари и Тензинг Норгеј прв пат се искачиле на врвот во 1953 година. Но, Непал сега се соочува со континуирана борба за одржување на планината чиста од отпад.
Секоја година откако Хилари и Норгеј се искачиле на врвот се повеќе луѓе сакаат да ги следат нивните стапки и зад себе оставаат еден куп ѓубре. Годинава луѓето коишто го собираат тој отпад поминале 6 недели чистејќи ја планината!
Ѓубрето се носело со воени хеликоптери до Катманду. Дел од отпадот се користи за производство на нови производи како очила и светла. Во регионот на Еверест има и забрана за употреба на пластика за еднократна употреба.
Климатските промени исто така ги топат глечерите и откриваат уште повеќе отпад, па станува уште поризично да се стигне до отпадот и да се собере. Проблемот со кој се соочува Еверест е проблем на глобално ниво. Доколку продолжиме со оваа стапка на создавање отпад, до 2050 година ќе создаваме 3,4 милијарди тони отпад годишно.