Серијата „Преспав“ ќе се емитува во Бугарија

- Advertisement -

По три сезони емитувани пред македонската публика, серијата „Преспав“ ќе се прикажува и на бугарска национална телевизија БТВ.

„Преспав“ е првиот ТВ хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката од МРТВ, изјави продуцентот на серијата Пеце Талески.

- Advertisement -

„Преспав“ ќе се емитува на БТВ Комеди секој ден од понеделник до петок во 17 часот, а за викенд ќе следуваат репризи.

Продукцијата ОхО информира дека во моментов се снима четвртата сезона од „Преспав“, а со новите 20 епизоди ќе биде одбележа јубилеј 100 епизоди „од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор“.

- Advertisement -

Емитувањето на четвртата сезона ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на Јутјуб. 

Сподели!
- Advertisement -