Охридска банка од денес официјално со нов сопственик

- Advertisement -

Денеска е извршена промена во сопственичката структура на Охридка банка, стои во соопштението од банката, објавено од Македонска берза.

Имено, австриското друштво Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) стекна 472.839 акции, или 91,5 отсто гласачките права, при што најголем дел, односно 384.844 акции, ги откупи од француската групација Сосиете Женерал.

- Advertisement -

Инаку, деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ и идните планови на банката ќе бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември годинава.

Сподели!
- Advertisement -