Италија воведува задолжително изучување на климатските промени во училиштата. Почнувајќи од септември идната година 33 часа во годината децата ќе учат за климатските промени и проблеми. Тоа е речиси еден час неделно.
Освен тоа, и по другите предмети како географија, математика и физика ќе се вметне перспективата на одрживиот развој.
Италија не е единствената земја која размислува идните генерации да ги образува за проблемите со климатските промени. Оваа тема веќе е дел од наставната програма на часовите по наука и географија во Англија.
Наставниците, пак, може во Обединетите нации да се акредитираат како посебни наставници по климатски промени преку онлајн тренинг програма.
Повеќе од 11.000 научници од целиот свет предупредуваат на потенцијалните послецици по човештвото од неконтролираните климатски промени.