Нетранспарентноста во спроведување и реализација на јавните набавки, најголем прeдизвик во скопските општини

- Advertisement -

Процесот на јавните набавки треба да се унапредува, а институциите треба да работат на надминување на дискриминаторските елементи кои влијаат на операторите да учествуваат на тендерите за јавни набавки.Европските стандарди во оваа проблематика се реализираат по принципот на рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки.

Кај нас, транспарентноста при јавните набавки не е на задоволително ниво. Мониторингот, кој што го се реализираше во изминативе две години, за Скопскиот плански регион, покажа дека, генерално, државните институции на централно но и оние на локално ниво исполниле само половина од потребните  критериуми во процесот на јавни набавки.

- Advertisement -

Истражувањето, спроведено во Проектот „Зајакнување на транспарентноста и отчетноста на општините при трошењето на јавните средства”, на Здружението на економски новинари, а во рамките на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки” кој го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Фондацијата Фокус со финансиска поддршка од Европската Унија, покажува дека во 2018 година се склучени 27 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 778 илјади евра. Уделот на овие нетранспарентни постапки во вкупната вредност на јавни набавки во Скопскиот плански регион е намалена од 4,6% во 2017 година на 2% во 2018 година.Гледано по локални самоуправи, од вредносен аспект, најмногу јавни пари преку оваа нетранспарентна постапка во Скопскиот плански регион имаат потрошено Општина Центар (173 илјади евра, или 22% од вкупната вредност на овие договори во Скопскиот регион), и Град Скопје (556 илјади евра или 71% од вкупната вредност на овие договори во Скопскиот регион).

Во  вкупно 18 општини, за 2017 година поништени се вкупно 179 постапки делумно или целосно, што значи дека е поништена секоја 4 постапка објавена во 2017 година. Склучени се 33 договори за јавна набавка без објавување оглас во вкупна вредност од 1,36 милиони евра.

- Advertisement -

Инаку, според анализите во Извештајот, во 2018 година, локалните самоуправи во Скопскиот плански регион склучиле 1082 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 2,36 милијарди денари односно 38,4 мили­они евра, што е зголемено во споредба со минатата година за 273 договори односно зголеување за 3,41 милиони евра.

Вредноста на договорите за јавни набавки склучени во Република Македонија оваа година, изнесува 756 милиони евра, што е удел од само 25% во буџетот на земјата.Загрижувачки е фактот што и во 2018 година поголем број на локални самоуправи во Скопскиот плански регион немаат воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори.

- Advertisement -

Во Скопскиот плански регион кој опфаќа вкупно 18 локални самоуправи, поништени се вкупно 254 постапки делумно или целосно. Ова се дури 23,6% од набавките, или речиси секоја четврта постапка. Овој удел на поништување на постапките во 2018 година е највисок процент на поништување во периодот 2013-2017 година.Оттука, препораките одат во насока на тоа локалните самоуправи, да посветат доволно внимание во поглед на анализа, стручност и подготовка на планот за јавни набавки ставајќи посебен акцент на проценетата вредност на набавки за изведување на градежни работи.

Загрижувачки е фактот што и во 2018 година поголем број на локални самоуправи во Скопскиот плански регион немаат воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори. Следењето на реализацијата на договорите е клучен елемент од јавните набавки. Со реализацијата се затвора процесот на јавна набавка како последен чекор од успешно спроведена јавна набавка.

Инаку, локалните самоуправи при спроведување на малите набавки ја употребуваат постапката со барање за прибирање на понуди – во просек 68% од вкупниот број на постапки спроведени од страна на локалните самоуправи. Овој податок, кој ни кажува дека повеќе од половина од постапките се до 20.000 евра, говори за нискиот финансиски капацитет на општините.

Исто така, клучно е да се отстранат ограничувачките односно дискриминаторни елементи при набавките на стои, кои ја намалуваат конкуренцијата. Потоа,      да се зголеми финансиската независност на локалните самоуправи во поглед на организирање на големите набавки поврзани со капитални проекти кои се изведуваат во рамки на територијата на единиците на локална самоуправа (пр. булевари, болници, училишта).

Ограничувачките односно дискриминаторски елементи се клучен елемент кој може да влијае на намалување на бројот на добиени понуди по објавен оглас. Влијание врз просечниот број на понуди може да има и бројот на економски оператори кои се присутни на локалниот пазар, како и вредноста на набавката.

Законот за јавни набавки предвидува 10 основи за примена на постапката со преговарање без претходно објавување оглас. Но институциите, во 2018 година доминантно користеле две причини, и тоа кога од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права, патенти и сл., договорот може да го изврши само одреден економски оператор како и поради крајна итност, односно кога од одредени причини договорот за јавна набавка мора да се склучи брзо. Третиот позначаен основ за примена на оваа постапка биле анексите на договорите, со 645 илјади евра. Во 2018 година значително е висок износот на склучените анекси на договори распределен меѓу три општини во Скопскиот плански регион.Затоа, препорака е да се воведе задолжителна анализа на пазарот со цел подобро изготвување на тендерските документации, на начин кој нема да ја ограничи конкуренцијата.

Исто така, да се почитува принципот на сразмерност при изработка на тендерските документации од стана на локалните самоуправи, давајќи им можност за учество на малите компании кои можат да придонесат за зголемување на конкуренцијата.

Во Скопскиот плански регион кој опфаќа вкупно 18 локални самоуправи, за 2018 година поништени се вкупно 222 постапки делумно или целосно. Ова се дури 21% од набавките, или секоја петта постапка. Овој удел на поништување на постапките во 2017 година само 2% понизок од процентот на поништување за 2017 година и втор по големина во периодот 2013-2017 година. Евидентиран е дури и случај во којшто една постапка е двапати поништена, и тоа според две различни основи.

Поради немање ниту една прифатлива понуда поништени се 18,3% од вкупниот број на поништени постапки за 2018 година. Тоа што на секој петти поништен тендер не била доставена ниту една понуда, укажува дека не е посветено доволно внимание при анализа на пазарот и подготовка на тендерските документации.

Несразмерните барања и услови кои им се наметнуваат на економските оператори наспроти проценетата вредност на набавките ги одвраќа малите фирми да земат учество на тендерите со што се намалува конкуренцијата и бројот на добиени понуди по објавен оглас за јавна набавка.Затоа, се препорачува да се воведе задолжителна анализа на пазарот со цел подобро изготвување на тендерските документации, на начин кој нема да ја ограничи конкуренцијата. Треба да се почитува принципот на сразмерност при изработка на тендерските документации од стана на локалните самоуправи, давајќи им можност за учество на малите компании кои можат да придонесат за зголемување на конкуренцијата.

Од сите 18 опфатени локални самоуправи само 2 општини ги имаат објавено на својата веб страна планот за јавни набавки за 2018 година меѓутоа без измените и дополнувањата. Овој факт ни говори за ниската транспарентност на општините од овој регион по ова прашање.

Ниту една општина не ги објавува огласите на своите веб сајтови. Неколку општини имаат ставено линк кој води до општиот дел од веб-сајтот на ЕСЈН. Некои од веб-сајтовите на општините се достапни само на албански јазик, или пак новостите се ажурираат само на албански јазик и покрај постоењето на македонска верзија.

Во 2018 г., во Скопскиот плански регион објавени се 1082 огласи од осумнаесетте локални самоуправи од кои само 3.69 % се обжалени (вкупно 40) до Државната комисија за жалби по јавни набавки. Ова е поразителна бројка со оглед на фактот што се забележани дискриминаторски и ограничувачки елементи во тендерските документации на поголем број од општините од овој регион. Значајно е што за 8 од 18 локални самоуправи во Скопскиот плански регион нема пристигнато ниту една жалба.Од вкупниот број на жалби уважени се 25 односно 62.5% од бројот на пристигнати жалби, покажуваат податоците во Извештајот на Здружението на економски новинари, за минатата година.Клучните препораки, кои се во насока на подобрување на процесите во јавните набавки е Бирото за јавни набавки, граѓанските организации и стопанските комори да ги охрабруваат и едуцираат економските оператори за жалбениот процес и да ги поттикнуваат да поднесуваат жалба на тендерските документации уште при воочување на дискриминаторски елементи.Исто така,

да се  поедностави постапката на поднесување на жалба и да се зголеми улогата на ДКЖЈН во делот контрола на постапките во улога на тело кое одлужува во жалбена постапка.

За унапредување на процесите во јавните набавки,неопходно е постојано мониторирање, оттука и важноста на истражувањето за зајакнување на улогата на граѓанското општество во мониторинг на спроведувањето на јавните набавки на локално ниво. Со тоа, се влијае на јавната свест,во насока на  намалување на корупцијата на локално ниво и зголемување на транспарентноста на локалните самоуправи, потенцираат од Здружението на економски новинари, кое реализираше истражување во изминатите две години.

Сподели!
- Advertisement -