Сите информации за природните убавини на Националниот парк „Галичица“ отсега посетителите ќе може да ги најдат во новата мобилна апликација.
Корисниците може да се информираат за историјата и културата на овој предел и неговите знаменитости, но и за тоа каде може да се преноќува.
За љубителите на адреналин, достапни се информации за пешачките и велосипедски патеки, како и блиски планински места кои посетителите може да ги одберат за своја дестинација.
Апликацијата нуди информации и за флората и фауната која е застапена во националниот парк; од габи и алги па се до цицачи и влекачи.
Истовремено, апликацијата нуди листа на служби како планинска спасителна служба, канцеларија Галичица, полиција, пожарна, брза помош и превенција за справување со пожар.
Мобилната апликација е достапна на „PlayStore“ за iOs и Android на македонски, албански, англиски и холандски јазик. Таа e надополнување на новата веб-страница на Националниот парк „Галичица“, изработени од Box Digital Marketing.