После Samsung и Huawei, вчера и Motorola го претстави својот прв смартфон на склопување, со кој се обидуваат да играат на картата носталргија кај купувачите и го оживуваат легендарниот бренд Razr. Станува збор за првиот еластичен телефон на преклоп кој не е хибрид меѓу таблет и телефон туку како и телефоните на преклоп од минатиог век може да се преклопи и да зазема помалку место во џеб.
На прв поглед изгледа како класичен телефон со екран со дијагонала од 6,2 инчи, но бидејќи пластичниот екран е еластичен, уредот може да се склопи навнатре. Притоа, на надворешната страна се открива уште еден помал екран со дијагонала од 2,7 инчи и резолуција од 800 x 600 пиксели, на кој се прикажуваат известувања за повици и пораки, може да се пупта музика без да се отвора телефонот.
Новинарите кои го испробале телефонот на презентацијата велат дека изгледа одлично и дека при користењето немале впечаток дека екранот е пластичен, а немале проблеми ни со затворањето ни отворањето на уредот. На прв поглед се чини дека Razr не би требало да има проблеми со пукање на екранот како Samsung, но колку е издржлив ќе дознаеме со тек на време.
Телефонот ќе чини 1.500 долари кога во фервуари ќе се појави на американскиот пазар, но го нема најмоќниот хардвер. Има процесор Snapdragon 710 и 6 GB RAM. Од Motorolа велат дека се одлучиле за послаб процесор за да го оптимизираат траењето на батеријата и загревањето на телефонот.
Корисниците веројатно нема да ги одушеви ни камерата. Главната камера од 16 MP може да се користи и за селфи кога ќе се преклопи телефонот, а од внатрешната страна во хардверски засек се наоѓа уште една камера од 5 MP.