Финансии и ФИТР организираат ФинХакатон за МојДДВ

- Advertisement -

Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој од 29 ноември до 1 декември ќе организира ФинХакатон2 чија цел е изготвување на иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра “МојДДВ, #МојаНаграда”.

„ФинХакатон 2“:МојДДВ,#МојаНаграда е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании регистрирани согласно законот за трговски друштва, кои може да понудат иновативна маркетинг стратегија. Со цел поддршка на младите, заинтересирани компаниите во својот тим ќе биде потребно да вклучат и студенти со најмалку запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, дизајн, односи со јавност или сродни студии.

- Advertisement -

Пријавувањето е до една минута до полноќ на 27-ми ноември, а натпреварувачите за три дена ќе треба да направат иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра.

Од хакатонот треба да произлезе иновативна маркетинг стратегија за следните 12 месеци за брендирање, предлог концепт, дизајн, креатива, видео концепт, предлог за извлекувањата и прогласување на победниците за наградната игра “МојДДВ, #МојаНаграда”. Буџетот за имплементирање на стратегијата за победничкиот тим ќе изнесува 2 милиони денари.

- Advertisement -

На денешната инфо сесија министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека мерката МојДДВ ги исполнува целите за кои била дизајнирана, односно намалување на сивата економија и зголемување на свеста на граѓаните да бараат фискална сметка. Со цел да се прошири опсегот уште повеќе, од средината на декември ќе започне МојДДВ #МојаНаграда, чиј награден фонд ќе биде половина милион евра и ќе се доделуваат парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии, најави Ангеловска.

Директорот на Фондот за иновации Деспотовски рече дека ваквите настани се шанса за младите и иновативни луѓе да бидат вклучени во креирање и спроведување политики и проекти на државни институции.

- Advertisement -

Сите детали за ФинХакатон2:“МојДДВ,#МојаНаграда”, како и формата за пријавување може да се најдат на веб-страните на Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој.

Сподели!
- Advertisement -