Кои се најсреќните жители во Европа?

- Advertisement -

На скалата од о до 10 просечното задоволство на жителите во Европската унија постари од 16 години во 2018 година изнесувало 7,3. Притоа, од Европејците најсреќни се жителите на Данска, кои се на прво место, додека најнесреќни се жителите на Бугарија, покажуваат резултатите кои ги објави Евростат.

Жителите на Данска чувствуваат севкупно задоволство од животот со просечна оценка од 8,2. Сепак, она од што не се задоволни Данците се финансиите и финансиската ситуација, каде што просечната оценка е 4,6 од 10.

- Advertisement -

Веднаш зад нив се жителите на Финска, кои среќата и задоволството од животот во оваа земја го оцениле со просечна оценка од 8,1, додека третото место го делат Австрија, Луксембург и Шведска со просечна оценка од 7,9.

Четвртото место го делат Ирска, Холандија и Велика Британија со оценка од 7,7, а на петто место е Малта со оценка 7,6. Шестата позиција ја делат Белгија и Германија со оценка 7,3, а седмата Франција и Полска со оценка 7,2. На осмо место е Шпанија со оценка Шпанија со оценка 7. Деветтото место го делат Португалија и Словенија со оценка 6,9, додека на десетто место на листата се наоѓа Естонија со оценка 6,7.

- Advertisement -

На дното на листата се наоѓаат и жителите на Кипар, Чешка, Унгарија, Литванија и Романија, кои се најмалку среќни и задоволни од животот. Вкупнатра просечна оценка на задоволството на Кипар е 6,5 од 10. Уште полоша е ситуацијата во Хрватска, каде што просечната оценка е 6,3 од 10. Најмалку среќни се жителите на Бугарија, каде што просечната оценка на задоволството од животот е 5,4 од 10.

Сподели!
- Advertisement -