Спелфи e апликација која овозможува фотографирање до вселената

- Advertisement -

Нова бесплатна апликација наречена „Спелфи“ ќе им овозможи на корисниците да фотографираат од вселената, користејќи камери монтирани на сателитот за набудување на Земјата „Ербас“, оддалечен околу 650 километри од нашата планета.

На фотографиите нема да се гледаат крупни кадри или лицата на корисниците, бидејќи камерите се дизајнирани да фаќаат големи групи на луѓе на настани како што се спортски натпревари или климатски протести.

- Advertisement -

Првото селфи на светот фотографирано од вселената беше прикажан во документарецот на Би-Би-Си оваа недела, а на него се гледа група активисти на движењето „Збогум на пластичните кеси“ кои протестираат против загадувањето со пластика, каде на валканата плажа на азискиот остров Бали, испишаа „Да дејствуваме сега“.

Активистката Изабел Вајсен користела „Спелфи“ за фотографирање на насловот со фотоапаратот од вселената преку облаците, а на нејзината слика е точната локација, напишана од „Дејли меил“.

- Advertisement -

Преку апликацијата, корисниците го потврдуваат своето учество во настанот, додека настанот е креиран од надворешни партнери и спонзори.

Потоа, прават селфи на одредена локација и во одредено време и чекаат спелфи да им „долета“ од вселената во истиот ден.

- Advertisement -

Извршниот директор на Спелфи, Крис Њуландс, вели дека станува збор за движење на луѓе кои сакаат да го променат светот и да направат разлика преку социјалните медиуми и фотографии.

„Силата на Спелфи може да ја подигне свеста на глобално ниво, охрабрувајќи ги другите да се придружат и да посакаат да направат разлика, како што направи Изабел со пристаништето „Goodbye Plastic Bags“ во ​​Бали“, рече Њујландс.

Ербус има скоро 50 сателити за набудување на Земјата кои орбитираат околу нашата планета. Тие користат оптички фотоапарати за пробивање низ облаците и за фотографирање со висок квалитет.

Сподели!
- Advertisement -