Македонија е 54-та од 167 држави според Индексот на просперитет за 2019

- Advertisement -

Северна Македонија е на 54 место меѓу 167 држави што се во Индексот на просперитет за 2019 година, објавен од лондонскиот институт Легатум. Според Институтот Легатум, кој за себе тврди дека е посветен на искоренување на сиромаштијата и постигнување просперитет преку зајакнување отворена економија, инклузивни општества и зајакнување на луѓе, од 167 земји опфатени со индексот, 148 земји – со 88 проценти од светската популација – бележат напредок во просперитет од 2009 година година.

Македонија има добри резултати во областа на услови за инвестирање (52 место) како и услови за живеење (50 место). Најслаба е во областа – образование (86 место). Од 2009 година државата бележи скок за едно место (во 2009 година била на 55 место).

- Advertisement -

Од источноевропските земји, Естонија ја зазема највисоката позиција на списокот „Индекс на просперитет“, на 21 место, Словенија – 27, а потоа следат Унгарија (46), Романија (47) и Бугарија (49).

Црна Гора е на 50-то место, Србија на 52-то место, Албанија е 65-та и 70-та е БиХ.

- Advertisement -

На дното се Белорусија (73), Русија (74), Молдавија (81), Азербејџан (92) и Украина (96).

Во изминатите десет години, сите земји од Источна Европа, според Легатум, постигнале подобрувања во пристапот до пазарот и инфраструктура, како и во условите за живот.

- Advertisement -

Покрај тоа, општествениот капитал, кој генерално беше слаб во Источна Европа, се подобри во 17 од 23 земји во регионот, при што во БиХ забележан е најголем напредок.

Од друга страна, личните слободи во Источна Европа се влошија повеќе од кое било друго место. Најголемото влошување е забележано во Унгарија, што, наводно, значително ја намалило слободата на собирање, здружување и говор.

Глобалниот просперитет кој е највисоко ниво досега, продолжува да се подобрува, но јазот меѓу земјите со најдобри и најлоши резултати продолжува да се шири.

Првите три места на Индексот ги заземаат Данска, Норвешка и Швајцарија, додека на самото дно е Јужен Судан.

Сподели!
- Advertisement -