Научниците предупредуваат на разорните домино ефекти на климатските промени

- Advertisement -

Повеќе од половина од критичните точки кои би можеле да се видат во долгорочно неповратните промени на Земјата и да се заканат на опстанокот на цивилизацијата се надминати, предупредуваат научниците. Тим од научници на чело со Вил Штефен од Австралискиот национален универзитет во Канбера објавија научен труд во кој се наведуваат девет критични точки кои може да имаат домино-ефект и да доведат до климатска катастрофа.

Штом една или две климатски домино плочки се срушат, тие ја туркаат Земјата кон следните критични точки. Научниците се плашат дека ќе стане невозможно да се стопира падот на низа домино плочки, кои ќе создадат каскада и може да го загрозат постоењето на човечката цивилизација.

- Advertisement -

Критичните точки опфаќаат губење на арктичкиот лед и ледените плочи на Гренланд и на Антарктика, топење на перма мразот и уништување на тајгите и на амазонските прашуми. Критичните точки во биосферата може да предизвикаат неконтролирано испуштање на јаглерод во атмосферата кој претходно бил складиран на Земјата и да го забрзаат загревањето и дополнителната дестабилизација на ледените плочи, велат научниците.

Топењето на ледените плочи може да доведе до неповратен пораст на нивото на морињата и океаните за околу 10 метри. Научниците повикуваат на преземање итни мерки за намалување на емисијата на стакленички гасови од договореното со Парискиот климатски договор од 2015 година.

Сподели!
- Advertisement -