Руското Министерство за храна и земјоделство објави соопштение во кое известува дека ги поврзале ветеринарите и експертите за одгледување крави со едно истражување за виртуелна реалност за да направат систем за виртуелна реалност посебно прилагоден за крави со цел да им се намали анксиозноста.
Така, кравите добија специјален интерфејс за виртуелна реалност со колористички посебно прилагоден софтвер кој симулира поле со цвеќиња и трева. Веќе во текот на првото тестирање експертите забележале намалување на анксиозноста и пораст на целокупното расположение на стадото, додека долгорочната студија ќе ги покаже ефектите на виртуелнаата реалност врз производството на млеко затоа што крајната цел на овој проект е да се проучи врската меѓу емоционалната состојба на кравите и производството на млеко.