Американците ги имаат Siri и Alexа, a сега и Хрватите имаат свој виртуелен асистент – Baricа

- Advertisement -

Асистентите кои работат со вештачка интелигенција се се попопуларни во светот и луѓето се почесто разговараат со Siri, Alexа и со Google Аѕsistаnt, кои им помагаат во секојдневните активности. Студентите од Факултетот за организација и информатика во Вараждин исто така имаат помош од вештачка интелигенција и асистентка која можеби не е толку паметна како асистентите на Google или Amazon, но одлично ја врши својата работа. Името и е Barica.

Barica, односно B.A.R.I.C.A. е акроним за Beautiful Artificial Intelligence Cognitive Agent (Убав когнитиверн асистент со вештачка интелигенција). Станува збор за агент за вештачка интелигенција кој го разви тим од научници и студенти од Факултетот на чело со професорот Маркус Шатен. Со Baricа не можете да разговарате за времето во Вараждин и не може да ви ја каже програмата на ТВ или да ви чита дневни задачи од календарот, но значи сосема доволно за да ги извести професорите и студентите од Факултетот за училниците во кои се предавањата, кабинетите на професорите и општо за распоредот на предавањата.

- Advertisement -

Како што пишува на страницата на Факултетот за организација и информатика, B.A.R.I.C.A. одговара на прашањата „Кажи нешто за ФОИ?“, „Каде е салата бр.X?”, „Каде се наоѓа канцеларијата на професорот/професорката?“ и „Можеш ли да го провериш распоредот на предавања?“.

B.A.R.I.C.A. не е замислена како комерцијално продукциско решение, туку како proof of concept апликација, а нејзиниот креатор Маркус Шатен е раководител на лабораторијата за вештачка интелигенција ја имплементираше визијата за системот и ја одржува со помош на систем за вештачка интелигенција. Идејата за Baricа ја добил кога држел предавање за вештачка интелигенција на една конференција и некој колега го прашал да направи четбот, односно аватар со кој би можел да раговара во текот на конференција.

- Advertisement -

Иритиран од фактот дека не постои таков систем кој работи доволно добро на хрватски јазик, одлучил да се обиде сам. Еден непроспиен викенд подоцна и се родила B.A.R.I.C.A.. Шатен објаснува дека иако многу европски училишта вoведуваaт четботови во наставните процеси, тие никогаш нема да можат да ги заменат универзитетските асистенти, но затоа можат да ги олеснат и да ги подобрат секојдневните обврски и задачи.

На Факултетот размислуваат долгорочно за различни начини на примена на B.A.R.I.C.A. како прилагодување за музеи, но и во бројни други ситуации кога постои потреба од презентирање на некакви информации како во туризмот.

Сподели!
- Advertisement -