Facebook доби сериозен ривал – кинеската апликација TikTok веќе има повеќе од милијарда корисници

- Advertisement -

Во брзиот свет на социјалните медиуми TikTok е најновиот хит кој полека но сигурно го освојува и регионот. TikTok пред се служи за создавање и споделување видеа до 15 секунди. Постои веќе три години, а најпрвин ја освои Азија, па САД о потоа целиот свет.

Лани, на пример, ја победи конкуренцијата, односно Facebook и Instagram, кога станува збор за симнувањето на апликацијата, а сега веќе има повеќе од 1 милијарда корисници или 500 милиони дневно активни корисници.

- Advertisement -

TikTok лесно ги залуде тинејџерите, сите кои во онлајн светот бараат нов начин на комуницирање и изразување. Познато е дека Facebook како најпопуларна социјална мрежа има проблеми со привлекувањето на тинејџерите, а Instagram со бројот на објавени фотографии и видеа, а тука е и ривалот

Инаку, станува збор за кинеска апликација кој под името Douyin е лансирана во Кина, во 2016 година, а една година подоцна се појави на светскито пазар како TikTok. Три месеци подоцна приватната компанија ByteDance собрала толку пари што компанијата ја довела до вредност од 75 милијарди долари, а основачот на мрежата, Жанг Јиминг, додал милијарди на таа вредност.

- Advertisement -

Според Forbes, богатството на Јиминг се проценува на 16,2 милијарди долари, по што се наоѓа на деветто место на листата со кинески милијардери. Жанг е 35-годишен софтверски инженер кој по повеќе инвестиции во компанијата сега поседува 24% од ByteDance.

Сподели!
- Advertisement -