Бесплатни обуки за најплатените IT професии на денешницата

- Advertisement -

Во тек е пријавувањето за бесплатни IT обуки кое трае до 20 декември 2019. Обуките се наменети за сите невработени лица на возраст до 34 години кои сакаат да се надградуваат и да добијат знаења за врвните технологии во најбрзо растечката индустрија во светот. Проектот е организиран од Агенција за вработување на Р.Македонија во соработка со Семос Едукација, кој се јавува како спроведувач на обуките.

Крајна цел на проектот е вработување на потенцијалните кандидати во индустријата која го движи светот, преку нивна преквалификација или доквалификација за една од најплатените IT професии, и стекнување на интернационално признаени сертификати и титули. Со неколку збора, проектот им овозможува на кандидатите почеток на нивната добро платена ИТ кариера.

- Advertisement -

Ги охрабруваме сите невработени лица, да се пријават за посета на еден од пакетите IT обуки и да ги посетат отворените денови кои се организираат во Семос Едукација во период од 12 до 18 декември и да дознаат повеќе за кариерите кои можат да им го сменат животот на подобро.

Исто така ги повикуваме и сите компании кои имаат потреба од квалификуван IT кадар од наведените области, активно да земат учество како партнери во проектот.

- Advertisement -

Заинтересираните лица можат да одберат една од професиите кои во светот се најголем хит и за кои во моментов постои најголема побарувачка:

  1. Cloud Administrator

Модерна професија која е одговорна за IT инфраструктурата на најкористената Amazon Web Services Cloud платформа.

- Advertisement -
  • ISTQB Software Tester

Број еден најпосетувана обука и почеток за сите кои сакаат да влезат во светот на софтвер тестингот.

  • Automation Tester

Една од најактуелните работни позициии кои вклучуваат автоматско тестирање со Selenium WebDrive.

  • System Engineer

Најбараната професија во светот која ќе му овозможи на кандидатот да ги разбере новите Microsoft и Cisco мрежни технологии и да стане администратор на компјутерски системи.

  • UX Design Specialist

Хит занимање од креативната индустрија. Дизајн на прилагодлива веб страна и апликација.

Канидатите може да се пријават во канцелариите на Агенција за вработување на Р.Македонија, a обуките ќе се спроведуваат во Семос Едукација во период од 3 до 6 месеци. На обуката се користи официјална литература, кандидатите ќе бидат подготвени за сертификација и ќе се стекнат со меѓународно признаен сертификат.

Повеќе информации за јавниот повик, критериумите за избор, начинот на спроведување на обуките и постапката за аплицирање прочитајте на официјалната веб-страница на АВРМ или на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -