Најиновативните телевизори и мобилни во светот ќе бидат достапни и кај нас преку Gorenje и Hisense

- Advertisement -

Интервју со Мирјана Мајнова, директор на Горење ДООЕЛ Скопје

Горење стана дел од семејството на Hisense, водечката светска компанија за електроника. Кои новини ќе ги донесе овој бренд за потрошувачите?

- Advertisement -

Токму така, од крајот на минатата година, Горење е дел од семејството на глобалниот технолошки лидер Хајсенс (Hisense).  Следната година планираме да го прошириме асортиманот на Горење на нашиот пазар и да понудиме целокупно решение за домот. Асортиманот ќе го надополниме со телевизори, клими и мобилни телефони од брендот Хајсенс. Хајсенс е најпродаван бренд на телевизори во Кина веќе 14 години по ред, најпродаван во Австралија и Јужна Африка, а што е особено значајно, Хајсенс е четврти бренд во светот.

Широкото портфолио на телевизори од брендот Хајсенс претставуваат револуција во иновативноста на ова поле и овозможуваат потполно ново корисничко искуство. Напредните перформанси на единствената платформа Vidaa U сопственост на Хајсенс е една од главните предности во телевизорите на Хајсенс (ситемот стартува за само 3 секунди, автоматски ги пребарува каналите за 20% побрзо од другите платформи и инстантно ги вклучува апликациите како Netflix, Facebook, Accuweather и сл.), а истовремено е лесно разбирлива, едноставна за употреба со линеарен приказ на менито и можност за негова персонализација.

- Advertisement -

Особено би сакала да ги потенцирам иновациите во телевизорите на Хајсенс како 8К резолуција, ULED XD TV, Hisense laser TV, Hi-view engine итн. кои овозможуваат речиси неверојатен контраст и детали во визуелниот и во аудио делот, несвојствени за она што досега ни беше познато како ТВ искуство.   

Паметните телефони  на Хајсенс се исто така одлични и со многу иновации. Конкретно моделот A6L има двоен екран и уникатна професионална технологија за заштита на очите која овозможува совршено здраво визуелно искуство; моделите ROCK5 и ROCK5 Pro со нивниот минималистички дизајн, ултра долготрајна батерија и двојна камера, се најдобар избор за сите оние кои сакаат да прават повеќе работи истовремено, додека моделот Infinity H30 е ефикасен заштедувач на време.

- Advertisement -

Која е специфичноста на овој бренд во светски рамки и кај нас?

Хајсенс не е само производител на телевизори, иако е меѓу првите четири најдобри брендови во производство и продажба на телевизори во светски рамки. Во производство и продажба на фрижидери во Кина Хајсенс е на второ место, а на прво место во Јужна Африка и Австралија.  Во производство и продажба на комерцијални клима уреди е прв бренд во Кина, а на клима уреди за домашна употреба е на второ место.

Македонија е мал пазар, но нашите купувачи секогаш сакаат да бидат во тек со светските трендови. Затоа, во 2020 година сакаме да ги донесеме светските трендови во Македонија и да им обезбедиме на нашите купувачи напредни модели на телевизорите и мобилните телефони кои Хајсенс ги продава глобално. Сакаме да инвестираме во нашиот пазар и да ја прилагодиме глобалната стратегија на Хајсенс на нашиот локален пазар.

Кои се најиновативните техники во производите на Hisense и на Горење на кои двата бренда се горди?   

Покрај производството и продажбата на црна и бела техника, бизнисот на оптичка комуникација на Хајсенс веќе е бр.1 во Кина и неговиот модул за оптички приемници веќе 5 години по ред ја одржува водечката позиција во светски рамки. Интелигентниот систем за транспорт на Хајсенс, исто така, е број 1 во Кина во однос на уделот на пазарот веќе 7 години по ред. Од 2012 до 2015 година, Хајсенс освои 42% од домашните проекти за интелигентен транспорт, секој од нив со вредност од над 14,5 милиони американски долари. Бидејќи развива свој компјутерски систем за асистирање и интелигентен систем за прикажување на паметни операции, технологијата на Хајсенс за системи за водење хируршки операции глобално напреднa за само 3 години.

Од друга страна, фокусот на Горење е на енергетската ефикасност и врвниот дизајн. Од своето основање пред скоро 70 години, главен фокус на Горење  е заштита на животната средина и унапредување на енергетската ефикасност на апаратите. Горење континуирано инвестира за да го намали влијанието на своите производи врз животната средина со тоа што создава производи кои ги исполнуваат највисоките стандарди за енергетска ефикасност. Горење редовно подготвува оперативни планови за тоа како да ја подобри својата енергетска ефикасност до највисоко можно ниво. Како признание за напорите кои ги вложуваме за унапредување на енергетската ефикасност и за зачувување на животната средина е престижната награда за „Најенергетски ефикасна компанија во 2017 година“. Како потврда за успешното работење во областа на дизајнот и остварувањето на поставените цели се бројните интернационални RedDot награди за дизајн кои Горење ги добива за различни категории на апарати за домаќинство.  

Водејќи се по девизата Life Simplified, кои од поновите производи на Горење можат најмногу да ни го олеснат секојдневието ?

Мотото на Горење е Life Simplified и Горење ја користи технологијата токму за тоа, да го поедностави животот онаму каде што најмногу ни треба – во нашите домови. Секоја нова технологија, иновација или услуга што ја нудиме има цел да ги поедностави домашните активности, правејќи ги секојдневните моменти попријатни и најголемите моменти во животот поисполнети и незаборавни. Да се имаат помалку работи на ум, помалку копчиња за стискање, помалку потрошено време и поголем мир и време за себе.

На пример, со адаптивната технологија во Simplicity апаратите од Горење може драстично да се намали товарот на самото готвење како неопходна активност, да се поедностави животот, а со тоа, да се помине поголем дел од времето со најблиските. AdaptBake функцијата во рерните ги помни приспособувањата на температурата за секоја програма и ја предлага последната или најчесто користената опција следниот пат кога ќе ја вклучите. AutoDetect функцијата кај плочите за готвење, по првите 10 секунди при вклучување на плочата за готвење, автоматски ќе ја препознае позицијата на садот и ќе ја активира соодветната зона за готвење. За да имате секогаш свежа храна, се грижи интелигентниот систем AdaptTech во фрижидерите кој е развиен за одржување на рамномерна температура во фрижидерот, без разлика колку често ја отворате вратата. 

Благодарение на генераторот на пареа (SteamTech) во WaveActive машините за перење и сушење алишта од Gorenje, значително се намалуваат наборите, мирисите и бактериите без употреба на омекнувач. Ваквиот тип на машини за перење и сушење со генератор на пареа особено се препорачува за лица кои имаат чувствителна кожа и склоност кон алергии. Понатаму, инвертерскиот PowerDrive мотор, кој има 10 години целосна и бесплатна гаранција, има оптимизирани програми и напредни решенија. IonTech технологијата ја користи моќта на природниот процес на јонизација, за да ги отстрани дамките и до 30% поефикасно без висока температура или користење на дополнителни хемикалии. Функцијата StainExpert нуди совршената комбинација од температура, време и количество вода, со што автоматски ќе отстрани до 36 различни видови упорни дамки. Исто така, од особена важност е и функцијата DoseAid со чија помош се одредува оптимална доза детергент за секое полнење, без оглед на количината на алишта што сте ги ставиле да се перат за да бидете сигурни дека детергентот го употребувате на најекономичен и на најздрав начин.

Поради тоа, можеме да кажеме дека Горење е извор на безброј идеи кои го поедноставуваат животот и му даваат повеќе слободно време на корисникот за работите кои се навистина важни.

На кој начин дигитализацијата и новото време влијаат на производите на компанијата?

Во време кога нашето општество станува се повеќе мобилно, интелигентно и поврзано, Групацијата Хајсенс заедно со Горење се приклучија во и развија решенија со кои се поедноставува животот на нашите корисници. Платформата ConnectLife ги поврзува апаратите во домот, луѓето и услугите, создавајќи простор за пријатни моменти и настани додека поминувате помалку време работејќи.

Платформата ConnectLife овозможува комуникација помеѓу поврзаните производи од сите компании на Групацијата Хајсенс (Hisense). Горење, ги вклучува своите машини за перење и сушење алишта произведени во Словенија,  додека пак Аско ги вклучува рерните, машините за миење садови и фрижидерите. Сите апарати од бела техника сега можат без проблеми да комуницираат едни со други и со разни паметни апарати од Хајсенс, како клима уреди, прочистувачи на воздухот, Vidaa платформата на паметните телевизори, паметните сензори, прекинувачи и паметното огледало, преку паметната платформа ConnectLife.

Платформата ConnectLife е интегрирана со услуги и производи што ги нудат партнери од трети страни. Поврзана е и со дигитални лични асистенти, како што се Alexa, Google, Siri итн. Исто така, важен дел од екосистемот е и дигиталниот асистент кој го креираше Горење – Ана. Задачата на Ана е да го поедностави искуството на интернет, да им помогне на посетителите да најдат производи од Горење кои совршено одговараат на нивните специфични потреби, да им помогне да подготват вкусен ручек, да им помогне доколку имаат какви било проблеми со сопствените апарати или да им помогне да ги користат апаратите поефикасно. Ана е достапна за купувачите во секое време – во домот, на работа, во продавница или каде било кога е потребна помош. Горење ќе ја лансира платформата ConnectLife и линијата на поврзани апарати во блиска иднина.

Ова се само некои од многубројните придобивки од напредокот на технологијата и примената во нашите апарати за домаќинство. Технологијата има секакви страни, но како и секоја алатка носи добро или лошо во зависност од тоа како се користи. Во Горење, веруваме дека технологијата е наш пријател и нејзината улога е особено важна за поедноставување на животот на нашите потрошувачи. Беспрекорно поврзаните уреди обезбедуваат резултати во реалниот живот и унапредено искуство со помалку стрес и повеќе време за значајни моменти во животот. Поповрзан живот е поедноставен живот (Life Simplified). 

Раскажете ни нешто повеќе за тековните промотивни кампањи и настани на Горење, оние кои се случија во скоро време и оние се во план.

Имајќи во предвид дека секоја зима загадувањето во Скопје достигнува алармантно високи стапки, работиме на тоа да го промениме однесувањето и мислењето на граѓаните како при изборот на апарати за домаќинство, така и при изборот на транспортно средство.

Како општествено одговорна компанија сакаме и ние да помогнеме и заедно да се бориме против овој голем и реален локален проблем. Би сакале да ги потсетиме сите граѓани дека можат да придонесат за заштита на животната средина и да го зголемат сопствениот животен век и животниот век на блиските. Но, мораат да почнат од себеси, од нивниот дом, од нивните секојдневни навики во текот на целата година. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните во текот на целата година, не само во најзагадените месеци, да ги остават автомобилите дома и да ги користат велосипедите како основно превозно средство наместо автомобилите. За таа цел, ќе донираме велосипедски паркинзи на општина Центар со цел да се унапреди инфраструктурата за велосипедистите и да придонесеме кон подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Многу секојдневни активности, всушност, можат да дадат свој придонес за намалување на загадувањето и отпадот. Различни задачи што рутински ги правиме може да се извршат поефикасно и со користење на помалку вода, помалку електрична енергија и со ограничена употребата на детергенти кои загадуваат.  Обновата на старите уреди со производи кои имаат висока енергетска класа е европска и глобална мисија, во која учествуваат сите компании во секторот, од производители до дистрибутери до одговорна организација за отстранување и рециклирање на стари уреди. Потрошувачот ги има сите алатки за зачувување на животната средина, преку избор на ефикасни апарати за домаќинство, нивна паметна употреба и правилно отстранување на старите апарати. Покрај заштедата на енергија, не треба да се заборави дека енергетски ефикасните апарати за домаќинство, исто така, влијаат и на буџетот во домаќинството. Новите генерации на апарати за домаќинство од Горење се дизајнирани автоматски да ја намалат потрошувачката на енергија и вода, а со тоа и влијанието врз животната средина.

Следната година, ќе ja прославиме седумдесетгодишната на Горење. Ќе прославиме 70 години квалитет, сигурност, добри перформанси и одличен дизајн. Но, не само што Горење има долга традиција во производство на апарати за домаќинство, има и најдолга традиција во добро организиран овластен сервис, повеќе од 50 години наназад, чија примарна цел е да се грижи за своите купувачи, да им понуди сигурност, без да се грижат премногу за помалку важните работи во животот.

И Горење и Хајсенс се горди поддржувачи на спортот, која зборува за нивната посветеност на тимската игра, креативноста, јасната стратегија, но и на здравиот дух и здравите навики. Поради тоа следната година е особено значајна за нас. Горење е  горд спонзор на EHF Европските ракометни првенства за мажи и регионален премиум-спонзор на VELUX EHF Лигата на шампиони во ракомет за мажи. Затоа заедно во јануари 2020 година ќе ги бодриме нашите македонски ракометари во Виена.  Хајсенс пак, е официјален партнер на UEFA EURO 2020 кое ќе се одржи во јуни и во јули следната година. Како и до сега, и локално и регионално, продолжуваме да го поддржуваме движењето #simplyfans на Горење. Ова движење е базирано на мотото на брендот Горење „Life Simplified“ и со него сакаме да го поддржиме спортскиот дух и да ги обединиме спортските навивачи од сите националности да навиваат заедно, да навиваат за спорт.

Сподели!
- Advertisement -