УСЈЕ ги поканува невладините организации и сите заинтересирани граѓани да ја посетат компанијата на 18 декември 2019

- Advertisement -

Во последно време сѐ повеќе е актуелна темата за употреба на алтернативните горива добиени од фракции од отпад и импликациите врз животната средина. Во услови на разбирливо голем интерес кај граѓаните за севкупната состојба со животната средина, за жал, во јавноста се појавија шпекулации и неточни информации во врска со оваа тема и нашата компанија.

Поради тоа, и разбирајќи ја загриженоста на нашите сограѓани, Цементарница УСЈЕ АД Скопје уште еднаш ги повика невладините организации и сите заинтересирани граѓани да ја посетат компанијата в среда на 18.12.2019 година во 12.00 часот, за на лице место да им ги ставиме на располагање фактите за нашето работење по највисоките домашни и ЕУ стандарди и за грижата за животната средина во која континуирано и посветено инвестираме и која е еден од столбовите во сите сфери од нашето деловно работење. Истовремено, за нас ќе биде исклучително драгоцено директно да ги чуеме ставовите на невладините и граѓански организации и да имаме можност на нив аргументирано да одговориме.

Сподели!
- Advertisement -