Старите Јапонци носат механички егзоскелети за да можат да работат и кога имаат 70 години

- Advertisement -

Популацијата на Јапонија забрзано старее, па старите Јапонци носат егзоскелети за да им помогнат да работат добро и во третата доба. Оваа азиска нација е една од најстарите во светот, каде што 28% од жителите се постари од 65 години.

Јапонската влада размислува да ја покачи старосната граница за пензионирање на 70 години, се повеќе идни пензонери даваат по 1.300 долари за егзоскелети за да ја зголемат својата сила и да го продолжат работниот век.

- Advertisement -

Како и многу други егзоскелети кои имаат индустриска намена, и егзоскелетите кои ги носат Јапонците се носат како ранец и тежат помалку од 4,5 кг, а помагаат да се дигнат до 25 кг. Егзоскелетите се тестираат во макацини и на други работни места кои бараат физичка работа за да се спречат повредите, но исто така може да се користат и за помагање на луѓето со физички недостаток.

Every Muscle Suit е ранец кој е наменет за да им помогне на постарите луѓе да останат на работа. Се користи така што со рачна пумпа се надувуваат вештачки мускули кои го зголемуваат капацитетот на луѓето. Innophys моделот, пак, им овозможува на луѓето да подигаат до 25 кг и не мора да се пумпаат до 48 часа.

Сподели!
- Advertisement -