До 2030 година на Германија ќе и требаат 6 милиони работници!

- Advertisement -

Бројот на слободни работни места во Германија моментално е 1,4 милиони, а според Deutsche Welle, до 2030 година најсилната економија во ЕУ ќе има недостиг од дури 6 милиони работници.

Расте заинтересираноста на жителите од Балканот да најдат работа во Германија. Шансата гражаните ја гледаат во најавата дека од 1 март идната година во Гемрнаија стапува на сила нов закон кој се однесува на доселувањето работна сила од земјите надвор од ЕУ.

- Advertisement -

Се укинува и листата со т.н. дефицитарни занимања, па сите групи вработени ќе се третираат на ист начин. Добрата заработка е причина за жителите надвор од ЕУ да ја избираат Германија како идна дестинација за работа. Кога станува збор за работната сила, Deutsche Welle пишува дека причината зошто на земјата и требаат толку многу работници е тоа што Германија старее, односно има се постара популација. Освен тоа, занаетчиските работи не се привлечни за младите Германци затоа што се полошо платени.

Законот за доселување струча работна сила, кој стапува на сила на 1 март 2020 година отвора можности за жителите на сите земји надвор од ЕУ, првенствено за квалификваната работна сила. На стручните работници прво ќе мора да им бидат признаени квалификациите во Германаија, а потоа да аплицираат за виза.

- Advertisement -

Законот за доселување стручна работна сила ќе ги прошири можностите за доселување стручни работници во Германија. Меѓу другото, со законот ќе се овозможи доселување на квалификувана работна сила.

Под стручно лице се подразбира личност со најмалку две години стручна спрема, која во Германија е препознаена како еквивалентна. Се укинува ограничувањето на занимањата кои се дефицитарни. Исто така, се укинува т.н. испит на предност, што подрзабира пред секое вработување на експерти од трети земји да не мора да се утврдува дали се домашен или европски кадар.

Сподели!
- Advertisement -