Македонија и Србија најавија олеснување на работните визи за стручен кадар

- Advertisement -

Работната сила ќе биде проблем во наредниот период бидејќи и високоиндустриските земји од Европа веќе најавија олеснување за добивање на работни визи за квалификувани и високостручни.

Ако до пред некоја година проблем на бизнисите во регионот беше како да се продре на пазарите кај соседите, сега предизвик на бизнисите е како да најдар работна рака, изјави потпретседателот на Стопанската комора бизнисменот Живко Мукаетов на прес-конференција на која беа претставени резултатите од соработката со Србија. Алкалоид во последните 10 години инвестираше над 10 милиони евра во Србија.

- Advertisement -

Мукаетов и неговиот колега од српската инвестиција во земјава компанијата „Свислион“ Александар Јаниќ го актуелизираа проблемот и од причина што веќе почнале или планираат инвестиции за кои ќе им биде потребна квалификувана работна сила.

Амсадорката на Србија во земјава, Душанка Дивјак Томиќ решение се гледа во отворањето на регионалниот пазар на труд кој е дел од иницијативата „Мини Шенген“ која ја поддржаа Србија, Албанија и С.Македонија, а Босна и Херцеговина и Црна Гора размислуваат да се вклучат во иницијативата.

- Advertisement -

– Во рамки на ницијативата се планира слободен проток и на работната сила, а за тоа ќе ни триба хармонизирање на законодавството, олеснување на давањето работни дозволи, па можеби и наставните програми во средните стручни училишта- рече  Дивјак Томиќ.

Мукаетов и Јаниќ како бизнисмени кои инвестираат во двете земји ги посочија како проблем и бројната бирократијата, храмонизирањето на законодавството и сертифицирањето, но сметаат дека и двете земји се благопријатни за инбвестирање и водење бизнис.

- Advertisement -

Ако се забрза протокот на стоки може да се заштедат две милијарди евра, пари кои би се вложиле во нешто добро што би било од интерес за двете страни.

Србија е наш најголем трговски партнер на Балканот и четврти во светски рамки. Најмногу извезуваме лекови, вино, производи од железо, а увезуваме пченица, брашно, цигари, електрична енергија. Дефицитот е секогаш на македонска страна и на тоа мора да се работи – информира Анета Трајковска од Стопанската комора.

Сподели!
- Advertisement -