Една од најкористените апликации кои можете да ги имате на својот смартфон кога патувате сигурно е Google Translate, односно преведувачот на Google. Денес речиси не е важно дали разбирате некој јазик или не затоа што Google ќе се погрижи да не дојде до недоразбирање.
Но, досега за користење на Google Translate беше потребно да имате Интернет. Со новата верзија на апликацијата повеќето јазици, засега 59, стануваат достапни и кога сте офлајн. Тоа значи дека повеќе не мора да се плашите поради високите сметки за мобилен интернет кога патувате надвор и сакате да преведете нешто.
Апликацијата ја стартувате пред да појдете од дома, го наоѓате во списокот со јазици јазикот на кој сакате да преведувате, го избирате и кликате на иконата „Преземање“ (“Download“). За неколку секунди базата ќе биде на вашиот телефон и вие можете да го исклучите интернетот и да ја користите апликацијата за превод.
Сепак, пред да отпатувате на некоја следна дестинација, проверете во листата со јазици дали јазикот што ви треба е достапен офлајн. Засега оваа опција е достапна само за телефони.