И СТАРТАП Е ОПЦИЈА! Со ова мото X Фактор Акцелератор ги повикува сите заинтересирани стартап компании да аплицираат на отворениот повик за финансиска поддршка од 30.000 евра.
Акцелераторот обезбедува и менторски/тренинг услуги од страна на практичари кои имаат стартувано и водат сопствени бизниси, како и од голема мрежа на домашни и странски експерти во разни области.
Може да аплицираат оформени тимови од минимум двајца поединци, со јасна визија да “запливаат” во светот на претприемништвото, и кои имаат:
✔️креирани и пазарно валидирани иновативни производи/услуги со глобален пазарен потенцијал, во БИЛО КОЈА ОБЛАСТ,
✔️развиена првична верзија на бизнис-модел кој ветува солиден потенцијал за раст и
✔️силен мотив за брза комерцијализација преку јасна “Go to market” стратегија и план за продажба на први клиенти.
Аплицирањето се прави со пополнување на кратката апликациска форма, до која може да се пристапи со кликање на следниот ЛИНК.
Крајниот рок за аплицирање е 31.01.2020 година.