Со оваа фарма во Англија управуваат животните кои живеат таму

- Advertisement -

Со фармата Knepp Estate управуваат животните коишто живеат таму и ја трансформираа целата фарма. Се прашувате како е тоа возможно? На оваа фарма животните во текот на целата година се движат слободно без човечка интервенција.

Со пасењето на тревата и газењето на земјиштето тие стимулираат развој на сложени животински заедници и биодиверзитет. Ова е еден од најневеројатните европски проекти за фармерство.

- Advertisement -

Чарли Бурел е сопственик на земјиштето каде што е фармата и тој вели дека не можел ни да замисли дека неговиот имот може да изгледа така. Овој начин на фармерство е ефективен за обновување на природата, додека истовремено се произведува висококвалитетно и здраво месо.

Кога сите запуштени и необработени површини би се претвориле во вакви фарми, ќе се зголеми количината јаглерод диоксид која се складира во почвата, а ќе се помогне за опстанокот на загрозените животински видови.

This farm in England is run by its animals

The Knepp Estate is one of the most incredible wildland farming projects in Europe. Watch our latest video collaboration with WWF. Read more: https://wef.ch/33lNKz7 #Netflix #OurPlanet #ShareOurPlanet #VoiceForThePlanet

Posted by Video – World Economic Forum on Четврток, 19 декември 2019
Сподели!
- Advertisement -