Училиштa во Велика Британија ги укинуваат аналогните часовници затоа што миленијалците не знаат да го читаат времето на нив

- Advertisement -

Живееме во време на најдобра технологија каде што најголем дел од работите ги работиме или ги читаме на екран. Станува минато работењето без компјутер, а комуникацијата се сведува на мобилни телефони, паметни часовници и таблети. Тоа има сериозни последици на денешните млади луѓе.

Некои училишта во Велика Британија одлучија да ги тргнат аналогните часовници од училниците и да ги заменат со дигитални затоа што учениците не знаат да го прочитаат времето од аналогните.

- Advertisement -

Учениците помали од 18 години ја познаваат само модерната технологија. Професорите изјавуваат дека сакаат учениците да бидат опуштени во текот на анставата, а аналогните часовници им создаваат стрес. На пример, во текот на тестови или испити не знаат колку е часот и уште колку време им останува за да го решат тестот. „Училиштата прават се за и најмладите ученици да се чувствуваат што поудобно. Подобро е да имаме дигитални часовници затоа што на учениците им е полесно да го прочитаат времето на нив“ додаваат тие.

Во 2018 година Сели Пејн, педијатар, откри дека на децата им е се потешко да ги држат моливите и пенкалата во рака затоа што секојдневно користат технологија наместо пенкала. „За да држат молив потребно е да имаат контрола врз мускулите на прстите. На децата им треба многу време за да ја развијат таа вештина. На родителите им е полесно да им дадат таблет отколку да ги поттикнат да учат да си играат сонкоцки, да сечат хартија, да врзуваат јаже итн. Поради тоа тие не развиваат вештини како што е држењето молив во рака“ вели Пејн.

Сподели!
- Advertisement -