Никнува првата 3Д печатена населба во светот за сиромашни семејства

- Advertisement -

Во Мексико се наоѓа првата населба во светот изградена со помош на технологијата за 3Д печатење. Во Накајукл, град во мексиканската област Табаско, никнува првата станбена населба која е направена со помош на 3Д принтер. Идејата за проектот е да се обезбедат евтини станбени единици за социјално загрозените семејства.

Зад проектот стои непрофитната организација New story. Засега се населени две куќи, а предвидено е во населбата да живеат вкупно 50 семејства кои наскоро ќе се преселат таму. Семејствата се избрани во соработка со локалната управа според месечните примања, кои во просек изнесуваат 76 долари. За новото живеалиште сега ќе мора да плаќаат само 21 долар месечно во текот на наредните седум години.

- Advertisement -

Користењето 3Д печатење во архитектурата направи битни чекори напред во последно време. Новиот пристап во областа на градењето станови се врти токму кон оваа технологија од последната генерација.

Сподели!
- Advertisement -