Астронаутката Кристина Кох го собори рекордот на најдолг престој на жена во вселената

- Advertisement -

Американската астронаутка Кристина Кох вчера го надмина рекордот и стана астронаутка која поминала најдолг период во контиунитет во вселената – 289 дена. Таа пристигна на Меѓународната вселенска станица на 15 март годинава и со својот престој го надмина рекордот на Пеги Витсон.

„Тоа е одлично за науката. Гледаме друг аспект како човечкото тело реагира на микоргравитацијата на подолг период и тоа е навистина важно за нашите идни планови за летање до Месечината и до Марс“ изјави Кох.

- Advertisement -

Додека да се врати на Земјата во февруари ќе помине точно 328 дена во вселената, што е само 12 дена помалку од рекордот на сега веќе пензионираниот атронаут Скот Кели, кој го постави во 2016 година.

Најголем дел од мисиите на вселенската станица траат по шест месеци. Во октомври годинава Кох собори уште еден рекорд заедно со астронаутката Џесика Меир кога ја направија првата женска прошетка надвор од Меѓународната вселенака станица.

Сподели!
- Advertisement -