Пет работи кои мора да ги направите за побезбеден дигитален живот во 2020 година

- Advertisement -

Велат дека на крајот на годината треба да се направи попис на се што е добро или лошо што се случило во текот на годината за да знаеме да носиме подобри одлуки идната година. Па, зошто не би ги искористиле празниците за да донесете некои добри одлуки врзани за дигиталниот живот? Особено за безбедноста идната година.

Земете пауза меѓу семејните дружења, подоготвката за дочекот на Нова година и гледањето божиќни филмови и направете нешто за во 2020 година да бидете побезбедни на Интернет.

- Advertisement -

Променете ги лозинките за побезбедна 2020 година. Се сеќавате ли воопшто на сите лозинки кои ги користите на различни страници? Или имате една иста лозинка насекаде? Уште ако таа лозинка е една од најлошите, задолжително мора да ја смените. Ако не сте сигурни како да изберете добра лозинка, следете го правилото дека мора да има 8 знаци, мали и големи букви, бројки и посебни знаци.

Прочистете ги своите претплати. Во текот на годината се претплатуваме на различни услуги и сервиси кои во даден момент ни се чинат интересни. Но, по неколку месеци сфаќаме дека и не е тоа што сме го сакале и немаме време да следиме се. Затоа, за да го намалите бројот на имејлови кои ги добивате секојдневно и да заштедите на претплати кои не ги користите, време е да направите големо чистење.

- Advertisement -

Организирајте ги своите фотографии. Откако се појавија дигиталните фотоапарати, а потоа и камерите на мобилните телефони, сите фотографираме многу повеќе. Но, исто така најголем дел од тие фотографии не ги ни погледнуваме. Освен ако сте од тие коиредовно ги архизивраат фотографиите, ги прегледуваат, ги ставаат по категории, па дури и ги обработуваат. Ако не сте од тие луѓе, време е да почнете да го правите тоа. Поминете неколку часа во организирање на фотографиите и избришете се што не ви треба.

Избришете ги сите непотребни апликации. Факт е дека на нашите телефони имаме мнгоу апликации, но факт е и дека не ги користиме сите и не ни се потребни. Разгледајте ги апликациите што ги имате и размислете кога последен пат сте ги искористиле. Сите што не ги користите редовно, можете слободно да ги избришете. Ако пак ви притребаат, секогаш можете повторно да ги инсталирате. Кога станува збор, пак, за компјутерите, ситуацијата е малку покомплицирана. Пред се, мора да одлучите што се за вас податоците кои мора да ги зачувате. Тоа може да бидат фотографии, документи, лозинки или нешто друго. Без голед дали сте направиле едно нешто од овој список или сите, ќе ви биде полесно да се снајдете во дигиталниот живот во 2020 година.

Сподели!
- Advertisement -