Ви претставуваме четири иновации од целиот свет кои годинава ќе ни помoгнaт да го заштитиме нашиот дом – планетата Земја.
Франција ја исфрла од употреба пластиката за еднократна употрба. Земјата ја забрани употребата на пластични чинии, чаши, чепкалки за уши за еднократна употреба. Во 2021 година следува забрана за користење пластични сламки, пластичен прибор за јадење и пластична амбалажа. Освен тоа, во секоја јавна зграда ќе мора да се постави јавна фонтана.
Палау воведе забрана за токсичните креми за сончање. Овој остров во Тихиот Океан забрани некои од кремите за сончање кои содржат хемикалии кои ги уништуваат коралните гребени. Хаваи беше првата земја во светот која ги забрани кремите за сончање во 2019 година.
Продавниците во Тајланд нема повеќе да користат пластични кеси. 43 големи малопродажни синџири се сложија дека повеќе нема да даваат пластични кеси. Жителите на Тајланд годишно произведуваат 2 милијарди тони пластичен отпад, од кои 75 милијарди парчиња пластични кеси кои завршуваат на плажите.
Велика Британија ќе ја отвори првата улица со нула емисија на гасови. По улицата Бич Стрит во центарот на Лондон нема да смеат да возат бензинци и дизелаши со цел да се исчисти воздухот во област каде што загадувањето честопати ги надминува безбедните нивоа.