Американската вселенска агенција НАСА објави дека нејзиниот сателит, ловецот на планети TESS пронашол свет со големина на Земјата во појасот од своите ѕвезди каде што би можело да се живее и каде што би имало вода во течна состојба.
Планетата наречена TOI 700 d е релативно блиску до нашата планета, само стотина светлосни години, велат од НАСА. „ТESS е направен и лансиран со мисија да пронајде планети со големина на Земјата кои кружат околу блиски ѕвезди“ објаснија од НАСА.
TESS најпрвин погрешно ја класифицирал ѕвездите, што значи дека планетите изгледаат поголеми и потопли отколку што се навистина. Но, неколкумина аматерски астрономи укажале на грешката. „Кога ги поправивме параметрите на ѕвездите, се намалија величините на нивните планети и сфативме дека наjоддалечената од нив има иста големина како Земјата и се наоѓа во зоната каде што може да има живот“, додаваат научниците.
Ова откритие подоцна го потврди вселенскиот телескоп Spitzer. Ѕвездата, пак, TOI 700 е мала – 40% помала од нашето Сонце и зрачи двојно помалку топлина од нашите ѕвезди.