Финските научници произведоа храна од воздух

- Advertisement -

Протеинот што се произведува од „воздух“, за десет години по цена ќе се натпреварува со сојата, велат финските научници. Се произведува од бактерии од земјата што се хранат со водород, кој се издвојува од водата со помош на електрична енергија.

Истражувачите велат дека доколку електричната енергија може да се направи од сонце и ветер, постои можност и за производство на храна која не би влијаела негативно на климата и не би произвела ефект на стаклена градина.

- Advertisement -

Реализацијата на нивните соништа може да му помогне на светот да се справи со многуте проблеми поврзани со земјоделството.

Тоа е високопротеинска состојка слична на брашно која содржи 50 проценти протеини, 5 до 10 проценти масти и 20 до 25 проценти јаглени хидрати. Треба да изгледа и да има вкус како пченично брашно и може, по нејзиното лансирање во 2021 година, да биде една од главните состојки во многу прехранбени производи.

- Advertisement -

Во фабриката „Солар фудс“ близу Хелсинки, истражувачите веќе собрале 5,5 милиони евра и предвидуваат, во зависност од цената на електричната енергија, дека нивните трошоци приближно ќе се совпаѓаат со оние за производство на соја до крајот на деценијата, евентуално дури во 2025 година.

Нивната идеја е протеинско брашно наречено солеин да биде неутрален додаток на сите видови храна. Може да биде слично на палминото масло што се става во торти, сладолед, бисквити, тестенини,сос или леб. Пронаоѓачите велат дека може да се користи и во одгледување месо или риба. Со него може да се храни и добитокот.

- Advertisement -

Извор: denar.mk

Сподели!
- Advertisement -