Општина Центар од март поставува вендинг машини кои ќе даваат 1,5 денари за секое пластично шише

- Advertisement -

ЈП ПОЦ и Општина Центар годинава ќе воведат повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња со цел да ги мотивираат жителите да се вклучат во овој процес, најавија денеска директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. 

Веќе се набавени девет вакви машини, а до крајот на годинава ќе бидат купени уште 18. Нивното поставување ќе почне од почетокот на март и за секое фрлено шише граѓаните ќе добијат по 1,5 денар.

- Advertisement -

„За овој проект Општина Центар има предвидено субвенции во буџетот за 2020 година и за секое рециклирано шише се обезбедени 1,5 денари, а воедно обезбедени се и средства за останатите 18 повратни вендинг машини. Се надевам дека овој позитивен пример ќе биде еден почеток во кој понатаму ќе се вклучат и другите општини, институции, како и приватни компании, сè со цел Општината, Градот и Република Северна Македонија да ги направиме поубаво место за живеење“, изјави Богдановиќ.

Сите жители кои ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад ќе добијат субвенции од општината во замена за пластични и стаклени шишиња односно за секое шише ќе добијат одреден прилив на пари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ со која ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и сл, или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието. 

Сподели!
- Advertisement -