Светските цени на храната највисоки во последните пет години

- Advertisement -

Цените на билните масла во декември пораснаа за 9,4 проценти во однос на ноември.

Светските цени на храната во декември 2019. година пораснале трет месец по ред поради поскапувањето на цените на билните масла.

- Advertisement -

Индексот на цени на Организацијата на храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) порасна на највисоко ниво во последните пет години. Оттаму велат дека индексот на цените на храната во последниот месец од минатата година изнесува просечно 181,7 поени, што е 2,5 отсто повеќе во однос на ноември и највисокото ниво од декември 2014.

За цела 2019 година овој индекс, кој ги следи месечните промени на светските цени на прехрамбените производи кои секојдневно се тргуваат, просечно изнесувал 171,5 поени и е повизок за 1,8 отсто од минатата година, но е за 25 проценти под највисокото ниво забелжано во 2011. година.

- Advertisement -

Цените на билните масла во декември пораснаа за 9,4 проценти во однос на ноември. Раст на цената се забелжува шест месеци по ред.

Сподели!
- Advertisement -