Во Швајцарија просечните нето финансиски средства по глава на жител, на крајот на 2012 година, изнесувале 141,890 евра. Така Швајцарија, според истражувањето кое опфати 50 земји во светот, се наоѓа на чело на најбогатите, пред Јапонија и САД.
Во истражувањето коеги проучуваше приходите и задолженоста по жител, а го обави осигурителната компанија „Alianz“, се наведува дека во Европа на второто место се наоѓа Белгија, со просечни финансиски средства од 73,520 евра по глава на жител, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.
Меѓутоа, на долг рок гледано, финансискитe средства на граѓаните на Швајцарија во периодот од 2001 до 2012 година се зголемиле за само 0,5 проценти во просек годишно, што е под стапката на инфлација во истиот период.
Што се однесува на задолженоста на граѓаните, со износ од 76,200 евра долг по глава на жител, на крајот на 2012 година, Швајцарија исто така се наоѓа на првото место во светот.