Вака изгледа наједноставниот мобилен телефон во светот, распродаден за рекордно време

- Advertisement -

Наједноставниот мобилен телефон во светот има минималистички концепт и совршена едноставност. Станува збор за уред кој нема да го привлече вниманието на помладата популација, но поради одличниот дизајн, ендоставната употреба и издржливоста беше распродаден во рекорден рок.

Со димензии од 3,7 x 2,2 инчи The Light Phone II е само малку поголем од кредитна картичка. Дизајнот на црно-белиот екран не се разликува многу од останатите мобилни телефони се додека не почнете да го користите. Батеријата е еден од неговите главни адути, затоа што покрај минималното осветлување може да трае и до три дена без полнење.

- Advertisement -

Тежи 78 грама и е многу полесен од сите мобилни телефони. The Light Phone II во суштина има две опции – повикување и испраќање пораки. Сепак, дизајнерите Hollier и Tang овозможиле уште неколку опции кои секако се корисни за сопствениците, а тоа се калкулатор, аларм, GPS и хотспот. Во иднина ќе има и опција за репродукција на музички содржини, повикување такси, но не и користење на социјални мрежи.

Може да се употреби како самостоен мобилен или како уред кој е компатибилен со други мобилни уреди со поголеми опции. Ракувањето со телефонот е едноставно како и неговиот дизајн. При поставувањето на поставките на мобилниот телефон користат лични сметки. Така можат да внесат постојни контакти, да додадат или да избришат алатки кои со компатибилни со уредот. The Light Phone II во САД се продава по цена од 350 долари.

Сподели!
- Advertisement -