2019 била најтопла на Алјаска, просечните температури растат

- Advertisement -

Просечната температура на Алјаска во 2019 била 0.1 степен Целзиусов, што претставува 14 степени над долгорочниот просек, се наведува во годишниот извештај на Националната агенција за океани и атмосфера, пренесува „Н1“.

Во последните години, просечните температури на Алјаска постојано растат, при што во четири од последните шест години е забележана рекордна топлина. Претходниот рекорден просек на Алјаска е забележан во 2016 година.

- Advertisement -

Температурата во јули во најголемиот град Енкориџ за прв пат достигна 32.2 Целзиусови степени.

Изминатава деценија во САД се регистрирани временски непогоди и климатски катастрофи кои предизвикале штета од 119 милијарди долари, што претставува двојно поголем износ од 59 милијарди од претходната деценија, се наведува во извештајот.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -