Инсулин направен од јајца ќе овозможи поевтин третман за дијабетичари

- Advertisement -

Пумпите за инсулин за дијабетичари денес одлично си ја вршат работата, но мора постојано да се одржуваат. Сега научници од Австралија велат дека создале побезбедна алтернатива за која како основа ги искористиле жолчките од јајца.

Поради создавањето на фибрили, или згрутчување дијабетичарите мора да ги заменуваат пумпите за инсулин на секои 24 до 72 часа за да се избегне блокирање на крвните садови. Освен опасноста по здравјето на пациентите, заменувањето на пумпите е малтретирање за луѓето и значи дека голем дел од лекот се фрла..

- Advertisement -

Затоа има интерес за создавање синтетички инсулин кој нема такви својства. Истражувачи од Институтот на неуронаука од Мелбурн искористија техника развиена во Јапонија со која инсулинот се синтетизира од жолчки од јајца.

Жолчките се богат извор на хомоген шеќер. Тоа е нов метод развиен на Универзитетот Осака. Истражувачите новиот производ го нарекоа гликоинсулин и велат дека првите тестови се покажале успешни.

- Advertisement -

Не само што истражувањата покажале, дека гликоинсулин не формира фибрили или грутки дури на високи температури и концентрации, но исто така е и постабилен во серумот отколку природниот инсулин. Затоа гликоинсулинот е одличен кандидат за користење во инсулинските пумпи.

Истражувачите проценуваат дека трајноста на овој инсулин ќе се зголеми од два на шест дена.

Сподели!
- Advertisement -