Роботите, виртуелната реалност, холограмските проекции на наставници се само некои од новините кои во наредните години ќе влезат во училниците во Србија, најавуваат од српската влада.
Овие технолошки новини ќе бидат овозможени со договорот потпишан со кинеската компанија NetDragon.
Роботите и холограмските професори нема да ги заменат наставниците, ниту виртуелната реалност ќе ги замени учебниците, туку ќе бидат помошни средства кои ќе ја направат наставата поинтересна, вели министерот за образование на Србија, Младен Шарчевиќ.
Според него, првиот чекор ќе биде отворање на Центар за промоцина на науката во Белград. Во текот на наредниот месец од Кина ќе стигне опремата која ја донира NetDragon.
Центарот ќе почне со работа до крајот на февруари, а првите посетители ќе бидат вработените и студентите на педагошките факултети и високите школи, кои ќе можат да се запознаат со примената на нови технологии во наставата. Во втората фаза кинеската компанија во Белград ќе отвори развоен центар.