Во својот трет извештај за професиите во САД кои допрва ќе станат популарни LinkedIn открива дека бројот на работните места врзани за вештачка интелигенција и податоци се зголемува. Сопствениците на производите, специјалисти за успех на производите кај клиентите и претставници на развојот на продажбата се едни од професиите кои се во подем, а не е лошо време и да се биде инженер или да се поседуваат силни комуникациски вештини.
Во последниот извештај на LinkedIn се идентификуваат 15-те најбрзорастечки професии, како и вештините и градовите каде што се најзастапени. Годинава компанијата откри дека бројот на работни места врзани за вештачка интелигенција и менаџирање на податоци расте речиси во секоја индустриска гранка. По прв пат роботиката се најде на листата и најмалку пет од професиите на листата го содржат зборот инженер во називот.
Но, не се само високотехнолошките професии кои се во подем во изминатите пет години. Само една професија од листата не вклучува задолжително поседување факултетска диплома, а тоа се техничарите за бихејвиорално здравје. LinkedIn исто така забележува дека Вашингтон и околните региони привлекуваат нови технолошки таленти, речиси исто колку Сан Франциско и Њујорк. Градовите од средна големина како Остин, Ралеи-Дурхам и Питсбруг продолжуваат да привлекуваат таленти благодарение на ниските трошоци за живот и поголемите можности за работа од дома.
Еве ја листата на LinkedIn со најбитни професии за 2020:
-специјалист за вештачка интелигенција
-инженер за роботика
-дата научник
-Full Stack девелопер
-инженери за доверливост на интернет-страници
-специјалисти за успех на клиентите
-претставник за развој на продажба
-дата инженер
-техничар за бихејвиорално здравје
-специјалист за сајбер безбедност
-back end девелопер
-директор за приходи
-клауд инженер
-Javascript девелопер
-сопственик на производ